Вториот е сертификат за применети знаења и предвидува изготвување активност. По завршувањето на вебинарот, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите лица кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За овие заинтересирани лица предвидена е можност во рок од десет дена по оддржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од ЕДУИНО Вебинарот која е поставена на YouTube каналот на ЕДУИНО, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активнсти и евалуацијата. Така, сите оние кои се заинтерсирани, ќе имаат можност да го добијат сертификатот за применети знаења.
- Сертификатите ќе биде испратени во рок од 2-4 седмици, на е-адресата што е наведена во пријавата на учесниците, со точното име и презиме со кое е поднесена апликацијата.
- Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).
Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност:
- Преземете го примерокот од Извештајот за реализирана активност од објавата на Padlet.
- Пополнете ги целосно барањата во извештајот (точни податоци, објаснување на активноста и самоевалуација).
- Прикачете го извештајот на Padlet по примерот на објавата 04 зададен на таблата, во pdf формат. Доколку првата табла не ви дозволува да го прикачите вашиот извештај преминете на наредната.
- Наравете скриншот фотографија од вашата објава на Padlet. Особено внимавајте дека ликовите на децата/учениците на фотографиите треба да бидат замаглени или да се фотографирани одзади. Ова е многу важно да се почитува согласно прописите и законите за споделување на фотографии од малолетни лица/деца/ученици со/без дозвола од родител/старател.
- Пополнете ја пријавата на линкот поставен на објавата 01 на Padlet или пак на копчето за пријава на реализирана активност така што ќе ги наведете вашите податоци и ќе ги прикачите извештајот од реализираната активност и фотографијата од објавата на таблата. На крај притиснете на копчето поднеси.
Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Padlet таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.
За помош ви нудиме:
- Видео како да се самоевалуирате со помош на инструментот за евалуација-рубрика (линк)
- Упатство за да креирате пост на таблата – Padlet (линк)
Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.