Предавач: Адријана Тодорова
Датум: 20.10.2021
Времетраење: 18:00 – 19:30
Работен јазик: Македонски
Овој вебинар е наменет за наставници од основните училишта, со средно ниво на искуство во користење дигитални алатки во наставата. Вебинарот има за цел да го претстави концептот и да понуди стратегии, ресурси како и практични примери и начини за спроведување на моделот на превртена училница (анг. flipped classroom). Следејќи го ова предавање, учесниците ќе можат да се запознаат со концептот на превртена училница. Во воведот предавачот ќе ги објасни концептот, предностите и недостатоците на превртената училница. Истовремено ќе презентира и неколку модели. Пред почетокот на главниот дел ќе бидат поставени прашањата во МентиМетер, потоа, преку лични реализирани примери на предавачот ќе бидат презентирани различни ресурси, алатки и техники на подучување, како и наставни методи и форми. Во завршниот дел ќе бидат зададени активности за учесниците.
За предавачот: Адријана Тодорова е наставник по математика и физика, наставник-ментор, како и автор на повеќе стручни трудови. Нејзиниот педагошки пристап е насочен кон пренесување на наставните содржини на креативен начин, преку едукативни игри и проекти, со цел кај учениците да ја поттикне љубопитноста за истражување и желбата за учење.
Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 30.10.2021 год 23.59h.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.
Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.
Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.
За помош ви нудиме:
Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.