ЕДИУНО 2Д лабораторијата е креирана со цел да ги надополни активностите во рамки на задолжителните наставни програми по природните науки – хемија, физика, биологија, географија и природни науки, како и достапност на ресусрси и експерименти за учениците во домашни услови. ЕДУИНО 2Д Лабораторијата овозможува искуствено учење во виртуелниот простор и развивање компетенции и вештини потребни во 21 век.
За предавачот:
Александра Блажевска е професор по хемија и наставник – ментор во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош. Воедно, Блажевска е и Scientix амбасадор, претседател на „Креативен центар“- Карпош, Мајкрософт сертифициран едукатор за 21st Century Learning Designs, автор на трудови на теми поврзани со иновативни пристапи во наставата со примена на дигитални технологии, учесник на конгреси и конференции од областа на образованието на локално и меѓународно ниво и креатор на отворени образовни ресурси.