Вебинарот е наменет за наставниците, стручните соработници и раководниот кадар од основните училишта, кои сакаат поблиску да се запознаат со улогата на ресурсниот центар во поддршка на инклузивното образование во редовните основни училишта. На овој вебинар ќе бидат презентирани нивоата на поддршка кои ги обезбедува ресурсниот центар за создавање на оптимални услови за квалитетно образование на сите деца вклучени во образовниот систем.
За предавачот:
Специјалната едукаторка и рехабилитаторка Марија Делетиќ тековно ја извршува функцијата директорка на ОУРЦ „д-р Златан Сремец“- Скопје. Делетиќ има богато искуство како наставничка-специјална едукаторка во училиште за ученици со интелектуална попреченост и аутизам, а воедно долги години работи и како наставничка во формалнто и неформалното образование. Во нејзината професионална биографија се вбројуваат повеќе меѓународни сертификати , учество во изготвување програмски и системски документи, стратегии, концепции, методологии, стандарди, критериуми, законски и подзаконски акти. Делетиќ работи и како соработник за развој на наставни програми и образовни политики.