Темата на вебинарот е вовед во понатамошната обука со која се посочува важноста од примената на дигитаните технологии во наставата како главен фактор за подобрување на успехот на учениците. Фокусот ќе биде ставен на поттикнување автономност и самоиницијативност кај наставниот кадар при изборот на дигитални алатки и нивна примена во наставната програма. Имајќи го предвид забрзаниот развој на новите технологии, посебен акцент ќе се стави на: неопходноста од дигиталната педагогија, експликација за примената на дигиталните алатки и стратегии за професионален развој. ЕДУИНО вебинарот ќе понуди увид во вештините неопходни за инкорпорирање на новите технологии во наставата на компетентен и ефективен начин. Така, едукаторите ќе бидат обучени индивидуално или колаборативно да ги избираат релевантните дигитални алатки со цел ефикасно да ги интегрираат во наставните планови. Низ петте модули ќе имате можност да се запознаете со: начините за проценка на компетенциите во настава со технолошка поддршка, достапните алатки на интернет за рефлексија и проценка на компетенциите, пристапите за дизајнирање на наставата со инкорпорирање на процесот на искуствено учење за да се поттикне поголема вклученост на учениците со цел да се подобри нивниот успех, но и како соработката со старателите може да ги зголеми технолошките компетенции кај наставниците, учениците и родителите.
За предавачите:
Игор Богданоски работи како професор по Математика и наставник ментор во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп. Во изминатите две децении Богданоски континуирано професионално се надградува. Во неговата професионална биографија се вброени титулите: Scientix амбасадор на Р.С. Македонија, Microsoft Innovative Educator Expert, Microsoft Master Trainer, Microsoft 365 и Moodle администратор. Автор е на повеќе трудови од областа образовниот менаџменти и математиката.
Професорот по Англиски јазик Перо Сарџоски, воедно е и директор на приватното училиште „Пегасус ЕЛС“ во Тетово. Големи заложби Сарџоски вложува во промовирање на одржливи модели во образованието со концептот „училиште без хартија“, преку примена на дигитални алатки во наставата и во согласност со „Целите за одржлив развој“ на ООН. Добитник е на бројни меѓународни призанија за иновативност и учесник е на бројни конференции за иновативни пристапи, меѓу кои и „ЕдмодоКон“ во САД. Сарџоски бил делегат на самитот за образовни иновации „ХандрЕД“ во Хонг Конг. Работи како координатор на ЕДУИНО-вебинарите