Училишна клима и курикулум – Градење на училишна клима и култура + сесија за Развој и воведување на слободни изборни предмети и воннаставни активности

Предавач: проф. д-р Лулзим Мехмеди

Датум: 01.12.2021

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за реегистрација на вебинарот

Stream

Кликнете на иконата за даго проследите вебинарот

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Дизајниран за поддршка и унапредување на работата на училишното раководство, овој вебинар ќе биде поделен на две тематски целини. Во нив ќе биде објаснет и разјаснет концептот за локален курикулум и култура. Училиштата како основни градивни елементи на образовниот систем, неопходно е да се охрабрат да креираат средина за учење, раст и развој која најдобро ги отсликува вредностите, потребите и можностите на училиштето и непосредната заедница.
Во водниот дел ќе биде презентирано значењето на улилишната клима и курикулумот, а акцентотќе биде ставен на новата Концепција за основно образование.

За предавачот: проф. д-р Лулзим Мехмеди е вонреден професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово. Во моментов ја извршува функцијата в.д. декан. Автор е на повеќе книги, меѓународни научни трудови, коавтор на многубројни прирачници и коавтор на новата Концепција за основно образование. Проф.Мехмеди воедно е член на работната група за изготвување на новите наставни програми од I-V одд. и на Комисијата за полагање испит за директорска позиција. Од 2003-2015 ја извршувал функцијата директор на ОУ „Санде Штерјоски„ од Кичево. Соработува со многу внатрешни и надворешни организации МОН, БРО, ДИЦ, УСАИД, УНИЦЕФ, ОБСЕ и други.

Како до сертификат за стекнати знаења?

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.