ЕДУИНО Вебинарите се интерактивни неформални настани, каде што учесниците имаат можност да следат предавања на актуелни, иновативни и напредни теми од областа на образованието преку примери на добри практики и совети од свои колеги, практичари.
Настаните се обмислени да нудат можност за поставување прашања и консултирање со предавачите околу одредени форми, методи, техники и инструменти за спроведување на процесот на учење и поучување во модерната настава. Серијалот ЕДУИНО Вебинари, денес ги содржи најпретпознатливите онлајн ресурси за стекнување на вештини во областа на образованието и според нашите статистики се најгледаните онлајн вебинари. Преку ваквиот тип интерактивни и неформални настани ја имаме можноста директно да влијаеме врз професионалниот развој на голем број едукатори во нашата земја.
Неверојатната бројка од повеќе од 50.000 учесници кои ги проследија минатогодишните изданија од серијалот, нѐ охрабрија повторно да одговориме на потребите и на предизвиците на едукаторите.
Оваа година серијалот ЕДУИНО Вебинари 2022, е поделен во две етапи и тоа, првата етапа се реализираните вебинари во месец мај, а втората етапа се ЕДУИНО Вебинарите кои ќе се оддржат во временски период од септември до декември 2022 година. Слушателите на овие вебинари ќе се стекнат со различни знаења, кои ќе имаат можност да ги покажат и да ги споделат.
Преку овие вебинари, учесниците ќе можат да го подобрат својот личен и професионален развој како едукатори, стекнувајќи знаење од експерти во областа на образованието, како и преку своите колеги, реномирани предавачи, секој во својата област.
Во серијалот ЕДУИНО Вебинари кој започнува оваа есен, поточно од септември 2022 година, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со два вида сертификати: стекнати и применети знаења. Во оваа етапа се предвидени 9 (девет) ЕДУИНО Вебинари. Во првите три предвидени ЕДУИНО Вебинари, учесниците ќе можат да се стекнат со два вида сертификати: сертификат за стекнати и сертификат за применети знаења. Во преостанатите шест ЕДУИНО Вебинари од овој серијал, учесниците ќе имаат можност да се стекнат само со еден вид сертификат, сертификат за стекнати знаења. Она што е особено значаен новитет е тоа што ЕДУИНО Вебинарите го проширија својот тим со воведување на симултани преведувачи на секој од вебинарите, па така истите ќе може да се следат на македонски и албански јазик.
#наменето за: наставници, стручни соработници и раководен кадар од основните и средните училишта
#датум: вторник, 31.01.2023год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: едукатори и родители
#датум: четврток, 06.12.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#наменето за: воспитувачи од предучилишните установи, наставници и стручни соработници од основните и средните училишта
#датум: четврток, 01.12.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: Воспитно-неговатескиот кадар, членовите на стручните служби и менаџментот во градинките.
#датум: вторник, 29.11.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: Родители, наставници од основно образование, воспитувачи од предучилишно образование како и за специјални едукатори (логопеди, психолози, образовни асистенти)
#датум: четврток, 24.11.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: родители, воспитувачи, наставници и стручни лица кои работат со деца на рана и предучилишна возраст
#датум: вторник, 08.11.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: наставниците, стручните соработници и раководниот кадар од основните училишта
#датум: четврток, 27.10.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: наставници од основните и средни училишта
#датум: четврток, 13.10.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: наставници од основните и средните училишта и за воспитувачи од предучилишна возраст
#датум: четврток, 05.10.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: наставниците и раководниот кадар од основните училишта
#датум: 29.09.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се стекнат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата. Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања. За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).
Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути, согласно најавата на модераторот. По завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.
Вториот е сертификат за применети знаења и предвидува изготвување активност. По завршувањето на вебинарот, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите лица кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За овие заинтересирани лица предвидена е можност во рок од десет дена по оддржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од ЕДУИНО Вебинарот која е поставена на YouTube каналот на ЕДУИНО, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активнсти и евалуацијата. Така, сите оние кои се заинтерсирани, ќе имаат можност да го добијат сертификатот за применети знаења.
Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност:
Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Padlet таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.
За помош ви нудиме:
Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.