Рана интервенција – Достапни опции и услуги (ICF)

Предавач: Горан Петрушев

Датум: 08.11.2022

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Симултан превод: Албански(упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Овој вебинар е наменет за родители, воспитувачи, наставници и други стручни лица кои работат со деца на рана и предучилишна возраст. Вебинарот нуди приказ на сегашните достапни опции и услуги за рана интервенција како и методи на функционална проценка сопред Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ) и нејзина улога за утврдување на подобноста за добивање услуги.

За предавачот:

Специјалниот едукатор, рехабилитатор и логопед Горан Петрушев, работи како раководител на Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ „Здравствен дом“, Скопје. Петрушев се залага за подобрување на квалитетот на услугите кои ги добиваат лицата со попреченост, со посебен интерес кон почитување на правата на детето. Воедно, тој е и претседател на „Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори“ на Република Северна Македонија.

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.

За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.