ЕДУИНО-вебинарите се интерактивни неформални настани, каде што учесниците имаат можност да следат предавања на актуелни, иновативни и напредни теми од областа на образованието преку примери на добри практики и совети од свои колеги практичари.
Настаните се обмислени да нудат можност за поставување прашања и консултирање со предавачите околу одредени форми, методи, техники и инструменти за спроведување на процесот на учење и поучување во модерната настава.
Серијалот ЕДУИНО Вебинари денес ги содржи најпретпознатливите онлајн ресурси за стекнување на вештини во областа на образованието и се најгледаните онлајн вебинари според нашите статистики. Преку ваквиот тип интерактивни и неформални настани ја имаме можноста директно да влијаеме врз професионалниот развој и унапредувањето на дигиталните вештини на голем број едукатори во нашата земја.
Неверојатната бројка од повеќе од 70.000 учесници кои ги проследија минатогодишните две изданија од серијалот, нѐ охрабрија и оваа година да одговориме на потребите и на предизвиците на едукаторите.
Преку серијалот ЕДУИНО-вебинари 2022, учесниците ќе можат да го подобрат својот личен и професионален развој како едукатори, стекнувајќи знаење од своите колеги, реномирани предавачи, секој во својата област. Слушателите на овие вебинари ќе се стекнат со различни знаења, кои ќе имаат можност да ги покажат и да ги споделат.
Во првиот дел (мај 2022) од овој серијал, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со еден тип сертификат, а тоа е сертификактот за стекнати знаења. Додека во вториот дел од серијалот, (септември 2022) учесниците ќе имаат можност да се стекнат со два видови сертификати: стекнати и применети знаења.
Серијалот ЕДУИНО Вебинари 2022, ќе може да се следи во две етапи и тоа мај и септември 2022. Во првата етапа мај 2022, најавуваме четири вебинари со три различни теми (едната тема ќе се обработи на македонски и на албански јазик), додека преостанатите вебинари ќе се оддржат во септември 2022 година. Она што е особено значаен новитет е тоа што ЕДУИНО Вебинарите го проширија својот тим со воведување на симултани преведувачи на секој од вебинарите, па така вебинарите ќе може да се следат на македонски и албански јазик. Дополнително, како што споменавме, ќе се одржи и засебен вебинар на два јазика, на македонски и на албански јазик.
#наменето за: наставници од основните и средни училишта
#датум: среда, 10.05.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#симултано толкување: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: наставници од основните и средни училишта
#датум: среда, 17.05.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: наставници од основните и средни училишта
#датум: среда, 19.05.2022год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: албански
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#наменето за: наставници од основните и средни училишта
#датум: среда, 25.05.2022год., 18:00 - 19:30

#наменето за: наставници од основните училишта
#датум: среда, 20.10.2021год., 18:00 - 19:30
#работен јазик: македонски
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења & сертификат за применети знаења
#наменето за: наставници од основните и средните училишта, стручните соработници
#датум: среда, 27.10.2021, 18:00 – 19:30
#работен јазик: македонски
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења & сертификат за применети знаења
Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.
За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).
Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.
Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.
Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.
Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност:
Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.
За помош ви нудиме:
Видео како да се самоевалуирате со помош на инструментот за евалуација-рубрика (линк)
Упатство за да креирате пост на таблата – Padlet (линк)
Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.