Skip links

Вовед во формативно оценување

Вовед во формативно оценување

Предавачи: Игор Богданоски,

Наталија Ацеска

Датум: 10.05.2022

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Симултан превод: Албански(упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Формативното оценување е првата тема која ја обработуваме, на овој вебинар ќе понудиме одговори за тоа што претставува формативно оценување и зошто е тоа важно за ефективно предавање и учење. Потоа ќе претставиме различни методи и модалитети на формативно оценување за пренесување на учењето преку настава во живо, настава на далечина, хибридна и настава со физичко присуство. Воедно ќе посочиме како може наставниците да го користат формативното оценување за да го подобрат квалитетот на наставата и учењето.

За предавачите:

Игор Богданоски е професор по математика и наставник- ментор во „ООУ Блаже Конески“ во Прилеп. Во текот на неговата две децениска кариера континуирано професионално се надградува за што говори и изборот на Богдановски за Scientix амбасадор на Македонија, а воедно тој е и Microsoft Innovative Educator Expert, Microsoft Master Trainer, Microsoft 365 и Moodle администратор. Автор е на повеќе трудови од областа образовен менаџменти и математиката.

д-р Наталија Ацеска повеќе од две децении активно е вклучена во образовниот систем, од кои десет години работи како советник во Бирото за развој на образованието. Воедно, д-р Ацеска е член на неколку комисии и тела:

  • член на ЕПАН, мрежа на советници за образовни политики при Советот на Европа;
  • интернационален тренер за ГЛОБЕ програмата;
  • член на Комисија за образование при IUCN (International Union for Conservation of Nature).

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.

За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.