Доколку сте родител/старател и сакате да креирате активности во домашни услови со вашето дете/деца, добредојдовте во оваа секција!

Кои се активности на Едуино Игратонот?

Селектираните активности за изработка во ДОМАШНИ УСЛОВИ, со кои како родители/старатели и дете/деца може да учествувате во игратонот се:

Активност  1 – Топче во кутија

мкд   |   алб

Активност 2 – Замрзни се! Одмрзни се!

мкд   |   алб

Активност 3 – Спаси го светот

мкд   |   алб

Активност 4 – Цртање наопаку

мкд   |   алб

Активност 5 – Игра со камчиња

мкд   |   алб

Активност 6 – Мојот лик

мкд   |   алб

Активност 7 – Моделираме
со тесто

мкд   |  алб

По креирање на едукативните активности, чекорите кои треба да ги следите се следни:

Чекор 1. Споделете јавно на вашиот ФБ профил фотографија или видео од изработката користејќи ги хаштазите #едуиноигратон2022 заедно со бројот на предизвикот кој го креиравте, на пр. #активност1 #иметонаактивноста и тагнете го ФБ-профилот на @Едуино – колективен портал за дигитални содржини

Чекор 2. Пополнете го формуларот (подолу) со прикачување линк од вашата јавна (public) објава на социјалните мрежи со фотографија/видео од изработката за секој предизвик посебно.

Чекор 3. Играјте, забавувајте се и поканете ги и вашите пријатели да се приклучат на ЕДУИНО Игратонот, преку тагнување или коментирање на вашата објава. И секако, следете нè на социјалните мрежи на колективниот портал ЕДУИНО, како и на ФБ-настанот ЕДУИНО Игратон за сите објави на дневни предизвици и извлекување на подароци!

Ве повикуваме на забава во текот на целата
работна недела!

За да имате поголеми шанси да бидете најсреќни учесници, учествувајте со повеќе активности од предизвикот, со пополнување следна пријава со нова изработка од селектираните активности!

Во склоп на креативниот предизвик може да ги пријавите изработките само од оние активности кои се предвидени за овој предизвик.

Важно: Активностите селектирани за предизвикот може да ги реализирате во текот на целиот предизвик од 21 до 27 февруари. Пријавите може да ги праќате без разлика која е активноста на денот: на пр. активноста „Топче во кутија“ може да ја направите и да ја поднесете на 27.02., иако е промовирана како прва активност.

Внимание: Само со пополнета пријава со изработка на активностите учествувате во „Подарок по случаен избор“ за дневни и неделни подароци.

  • Учество во реализација на изработките имаат дете/деца од 3 до 10 години, бидејќи игратонот е наменет само за оваа возрасна група на деца, во домашни услови или група на деца од градинка/училиште.
  • Да реализирате активности кои се дел од ЕДУИНО Игратонот, според наведената програма и шаблон во кој се опишани (може да сте креативни во начинот на изработка и материјалите).
  • Да објавите фотографија и/или видео од изработка на една активност – во една ваша јавна (public) објава на социјалната мрежа (Facebook) за да може да регистрираме само една активност.
  • Да го пополните формуларот подолу со учество само во еден предизвик/активност.
  • Да учествувате со изработка на една активност само еднаш – повеќе пријави од истата изработка нема да бидат регистрирани (да нема дупликат пријава со истата активност).
  • Доколку сакате да испратите повеќе активности, за секоја активност треба да пополните нова пријава во формуларот и да објавите посебна објава на вашите социјални мрежи.
  • Да бидете весели, насмеани и подготвени за забава и учење!

Сѐ што треба да направите за да се пријавите на ЕДУИНО Игратонот е да креирате една од селектираните активности на Игратонот, да направите фотографија/видео од изработката и да го пополните краткиот формулар кој се наоѓа најдолу на оваа веб-страница.

Внимавајте – со едно пополнување на формуларот може да учестувувате во еден предизвик. Доколку сакате да испратите повеќе активности, за секоја изработка треба да пополните по една пријава. Дополнително, за секоја една активност, ќе биде прифатена само една пријава.

Техничка поддршка: Доколку се соочувате со технички проблеми при пријавување на вашите активности, имате прашања или фидбек за креативниот предизвик ЕДУИНО ИГРАТОН, слободно контактирајте нѐ на мејлот: igraton@innovationlab.mk

Ви благодариме на учеството!