Доколку сте воспитувач и сакате да креирате активности во градинка со вашата група на деца, добре дојдовте во оваа секција!

Кои се активности на Едуино Игратонот?

Селектираните активности за изработка во ГРАДИНКА, со кои како воспитувачи и група од деца ќе може да учествувате во игратонот се:

Активност 1 – Еј, ти, каде ли се скри?

мкд   |   алб

Активност 2 – Весело огледало

мкд   |   алб

Активност 3 – Си правиме
приказни со картички

мкд   |   алб

Активност 4 – Емотивко

мкд   |   алб

Активност 5 – Авантура со
годишните времиња

мкд   |   алб

По креирање на едукативните активности, чекорите кои треба да ги следите се следни:

Чекор 1. На официјалната веб или ФБ профилот на градинката, објавете го јавно изработеното решение/предизвик користејќи ги хаштазите #едуиноигратон2022 заедно со бројот на предизвикот кој го креиравте, на пр. #активност1 #иметонаактивноста и тагнете го ФБ-профилот на
 @Едуино – колективен портал за дигитални содржини

Чекор 2. Пополнете го формуларот (подолу) со прикачување линк од вашата јавна (public) објава на социјалните мрежи со фотографија/видео од изработката за секој предизвик посебно.

Чекор 3. Играјте, забавувајте се и поканете ги и вашите колеги и пријатели да се приклучат на ЕДУИНО Игратонот, преку споделување на објавата од официјалната веб или ФБ на вашиот профил и нивно тагнување! И секако, следете нè на социјалните мрежи на колективниот портал ЕДУИНО, како и на ФБ-настанот ЕДУИНО Игратон за сите објави на дневни предизвици и извлекувања на подароци!

Ве повикуваме на забава во текот на целата работна недела!

За да имате поголеми шанси да бидете најсреќни учесници, учествувајте со повеќе активности од предизвикот, со пополнување следна пријава со нова изработка од селектираните активности!

Во склоп на креативниот предизвик може да ги пријавите изработките само од оние активности кои се предвидени за овој предизвик.

Важно: ивности кои се предвидени за овој предизвик.
Важно: Активностите селектирани за предизвикот може да ги реализирате во текот на целиот предизвик од 21-25.02.2022г . Пријавите може да ги праќате без разлика која е активноста на денот: на пр. активноста „Еј, ти каде ли се скри?”може да ја направите и да ја поднесете на 22.02.2022г, иако е промовирана како прва активност.

Внимание: Само со пополнета пријава со изработка на активностите учествувате во „Подарок по случаен избор“ за дневни и неделни подароци.

  • Учество во реализација на изработките да имаат дете/деца од 3 до 10 години, бидејќи игратонот е наменет само за оваа возрасна група на деца, во домашни услови или група на деца од градинка/училиште.
  • Реализација на активности кои се дел од ЕДУИНО Игратонот, според наведената програма и шаблон во кој се опишани (може да сте креативни во начинот на изработка и материјалите).
  • Ако целата група ја реализира активноста во повеќе помали групи, сепак треба да имате само една пријава. Доколку пријавите се повторуваат, нашиот тим го задржува правото само еднаш да влезете во случајниот избор за подароци.
  • Пополнет формулар подолу со учество само во еден предизвик/активност.
  • Објава на фотографија и/или видео од изработка на една активност – во една јавна (public) објава на официјалната веб или ФБ профил на градинката за да можеме да регистрираме само една активност.
  • Учествуво со изработка на една активност само еднаш – повеќе пријави од истата изработка нема да бидат регистрирани (да нема дупликат пријава со истата активност).
  • Доколку сакате да испратите повеќе активности, за секоја активност треба да пополните нова пријава во формуларот и да креирате нова објава.
  • Да бидете весели, насмеани и спремни за забава и учење!

Најпрво, објавете фотографија/видео од изработката на активноста од ЕДУИНО Игратонот, на официјалната веб-страница и/или на социјалните мрежи во вашата градинка.

Потсетување: За фотографиите/видеоснимките со деца, потребно е да имате согласност за фотографирање од родителите/старателите на децата.

Следен чекор е пополнување на краткиот формулар кој се наоѓа најдолу на оваа веб-страница.

Внимавајте – со едно пополнување на формуларот може да учествувате во еден предизвик. Доколку сакате да испратите повеќе активности, за секоја изработка треба да пополните по една пријава. Дополнително, за секоја една активност, ќе биде прифатена само една пријава.

Техничка поддршка: Доколку се соочувате со технички проблеми при пријавување на вашите активности, имате прашања или фидбек за креативниот предизвик ЕДУИНО ИГРАТОН, контактирајте нè на мејлот: igraton@innovationlab.mk

Ви благодариме на учеството!